Бидејќи телевизорот го зачувува емитувањето кое го гледате, можете да извршите повторена репродукција на емитувањето од неколку секунди.
За повторена репродукција на моменталното емитување…
- Притиснете (Пауза)
- Притиснете (Премотување назад). Можете да го притиснете копчето повеќе пати за да изберете од каде сакате да започнете со гледање на паузираното емитување. Притиснете ги овие копчиња повеќе пати за да ја промените брзината. Во одреден момент ќе го достигнете почетокот од зачуваното емитување или максималниот временски опсег.
- Притиснете (Репродукција) за повторно да го гледате емитувањето.
- Притиснете (Запри) за да го гледате емитувањето во живо.