Можете да закажете снимање кое не е поврзано со ТВ програма. Можете сами да го поставите типот на приемникот, каналот, како и почетното и завршното време.

За да закажете снимање рачно…

  1. Притиснете  TV GUIDE.
  2. Притиснете го копчето во боја  Снимања.
  3. Во горниот дел од екранот, изберете  Закажано и притиснете OK.
  4. Притиснете го копчето во боја  Закажување и притиснете OK.
  5. Изберете го приемникот од кој сакате да снимате и притиснете OK.
  6. Изберете го каналот од кој сакате да снимате и притиснете OK.
  7. Изберете го денот на снимањето и притиснете OK.
  8. Поставете го почетното и завршното време на снимањето. Изберете копче и искористете ги копчињата за  (нагоре) или  (надолу) за да ги поставите часовите и минутите.
  9. Изберете Закажување и притиснете OK за да го закажете рачното снимање.

Снимањето ќе се појави на листата со закажани снимања и потсетници.