За да отворите Текст/Телетекст притиснете TEXT, додека гледате ТВ канали.
За да го затворите менито Текст, повторно притиснете TEXT.

Изберете страница на Текст

За да изберете страница . . .

  1. Внесете го бројот на страницата со копчињата со бројки.
  2. Користете ги копчињата со стрелки за навигација.
  3. Притиснете копче во боја за да изберете тема во боја во долниот дел на екранот.

Потстраници на Текст

Еден број на страница со Текст може да содржи неколку потстраници. Бројките на потстраниците се прикажани на лента веднаш до бројот на главната страница.
За да изберете потстраницa, притиснете  или  .

T.O.P. Страници на Текст

Некои станици за емитување нудат T.O.P. текст.
За да отворите страници со T.O.P. текст во рамките на Текст, притиснете  OPTIONS и изберете T.O.P. преглед.

* До телетекстот може да се пристапи кога каналите се инсталирани директно на внатрешниот приемник на телевизорот и кога е поставен ТВ режим. Доколку користите дигитален приемник, телетекстот нема да биде достапен преку телевизорот. Во тој случај, може да се користи телетекстот на дигиталниот приемник.