Во зависност од тоа дали вашиот телевизор е инсталиран или не, мора да користите различен метод на вчитување на листата на канали.

На инсталиран телевизор

  1. Потврдете го поставувањето за земјата на телевизорот. (За да го потврдите ова поставување, погледнете во поглавјето Преинсталирање на канали. Започнете ја оваа постапка сѐ додека не дојдете до поставувањето за земјата. Притиснете  BACK за да ја откажете инсталацијата.)
    Ако земјата е точна, продолжете со чекор 2.
    Ако земјата не е точна, потребно е преинсталирање. Погледнете во поглавјето Преинсталирање на канали и започнете со инсталацијата. Изберете ја точната земја и прескокнете го пребарувањето на каналите. Завршете со инсталацијата. Кога ќе бидете готови, продолжете со чекор 2.
  2. Приклучете го USB флеш уредот кој ја содржи листата на канали од другиот телевизор.
  3. За да започнете со вчитувањето на листата на каналите, притиснете  (Почеток) Поставки > Сите поставки > КаналиПоставки за експертски режим > Копирање на листа на канали > Копирај на телевизор и притиснете OK. Доколку е потребно, внесете го PIN кодот.
  4. Телевизорот ќе ве извести доколку копирањето на листата на канали на телевизорот е успешно. Извадете го USB флеш уредот.