Ако користите CAM – Conditional Access Module (Модул за условен пристап) со smart картичка – за да гледате сателитски канали, ви препорачуваме да ја извршите сателитската инсталација со CAM модулот вметнат во телевизорот. 

Повеќето CAM модули се користат за декодирање на канали.

CAM модулите (CI+ 1.3 со профил на оператор) можат сами да ги инсталираат сите сателитски канали на вашиот телевизор. CAM модулот ќе ве запраша дали да ги инсталира неговите сателити и канали. Овие CAM модули не само што инсталираат и декодираат канали туку и вршат редовни ажурирања на каналите.