(Почеток) > Поставки > Инсталирање на канали > Инсталирање на сателити > Пребарување на сателит > Преинсталирање на канали
- Изберете Од подреден пакет или Сите канали неподредени.
- Изберете Поставки и притиснете OK.
- Притиснете Ресетирај за да извршите ресетирање, или пак притиснете Извршено кога ќе завршите со уредувањето на поставките.
Тип на приклучок
Изберете го бројот на сателити кои сакате да ги инсталирате. Телевизорот автоматски го поставува соодветниот тип на поврзување.
- До 4 сателити - Можете да инсталирате до 4 сателити (4 LNB уреди) на овој телевизор. Изберете го точниот број на сателити кои сакате да ги инсталирате на почетокот на инсталацијата. Ова ќе ја забрза инсталацијата.
- Unicable - Можете да користите Unicable систем за да ја поврзете антенската чинија на телевизорот. Можете да изберете Unicable за 1 или за 2 сателити на почетокот на инсталацијата.
LNB поставки
Во некои земји, можете да ги прилагодите експертските поставки за самонасочувачкиот транспондер и секој LNB уред. Овие поставки користете ги или менувајте ги само кога нормалното инсталирање ќе биде неуспешно. Доколку имате нестандардна сателитска опрема, можете да ги користите овие поставки пред стандардните поставки. Одредени обезбедувачи на услуги може да ви дадат транспондер или вредности на LNB кои можете да ги внесете овде.
- LNB напојување - LNB напојувањето е поставено на Вклучено.
- 22 kHz тон - Како зададено, тонот е поставен на Автоматски.
- Ниска LO фреквенција / Висока LO фреквенција - Фреквенциите на локалниот осцилатор се поставени на стандардни вредности. Прилагодете ги вредностите само во случај на посебна опрема на која ѝ требаат различни вредности.