(Почеток) > Поставки > Инсталирање на канали > Инсталирање антена/кабел > Аналогно: Рачна инсталација
Аналогните ТВ канали може рачно да се инсталираат, канал по канал.
- Систем
За да го поставите ТВ системот, изберете Систем.
Изберете ја земјата или делот од светот каде што се наоѓате моментално и притиснете OK.
- Пребарување на канал
За да пронајдете канал, изберете Пребарување на канал и притиснете OK. Можете да внесете фреквенција сами за да пронајдете канал или да му дозволите на телевизорот да го пребара каналот. Притиснете OK, изберете Пребарај и притиснете OK за автоматско пребарување на каналот. Пронајдениот канал ќе се прикаже на екранот и доколку приемот е слаб, притиснете Пребарај одново. Доколку сакате да го зачувате каналот, изберете Извршено и притиснете OK.
- Прилагодување
За да прилагодите канал, изберете Прилагодување и притиснете OK. Каналите можете да ги прилагодувате со или .
Доколку сакате да го зачувате пронајдениот канал, изберете Извршено и притиснете OK.
- Зачувај
Можете да го зачувате каналот на моменталниот број на канал или на нов број на канал.
Изберете Зачувај и притиснете OK. Бројот на новиот канал ќе се прикаже накратко.
Можете повторно да ги извршите овие чекори сѐ додека не ги пронајдете сите достапни аналогни ТВ канали.