(Почеток) > Поставки > Инсталирање на канали > Инсталирање антена/кабел > Пребарување на канали > Напредно преинсталирање
Скенирање на фреквенција
Изберете го методот на пребарување на канали.
Чекор на големина за фреквенција
Телевизорот пребарува канали во чекори од по 8MHz.
Ако ова доведе да нема инсталирани канали или пак ако недостасуваат одредени канали, можете да пребарувате со помали чекори од по 1MHz. Ако користите чекори од по 1MHz, потребно е повеќе време за пребарување и инсталирање на канали.
Режим на фреквенција на мрежа
Ако имате намера да го користите брзиот метод Брзо во Скенирање на фреквенција за да пребарувате канали, изберете Автоматски. Телевизорот ќе користи 1 од однапред дефинираните фреквенции на мрежа (или HC - самонасочувачки канал) кои ги користат повеќето кабелски оператори во вашата земја.
Ако сте добиле специфична вредност на фреквенција на мрежа за пребарување на канали, изберете Рачно.
Фреквенција на мрежа
Кога опцијата Режим на фреквенција на мрежа е поставена на Рачно, можете да ја внесете вредноста на фреквенцијата на мрежа која сте ја добиле од вашиот кабелски оператор. За да ја внесете вредноста, користете ги копчињата со бројки.
ID на мрежа
Внесете ID на мрежа испорачана од вашиот кабелски оператор.
Режим на стапка на симболи
Ако вашиот кабелски оператор не ви дал специфична вредност на стапка на симболи за инсталирање на ТВ каналите, оставете го поставувањето Режим на стапка на симболи на Автоматски.
Ако сте добиле специфична вредност на стапка на симболи, изберете Рачно.
Стапка на симболи
Кога опцијата Режим на стапка на симболи е поставена на Рачно, можете да ја внесете вредноста на стапката на симболи користејќи ги копчињата со бројки.