(Почеток) Поставки > Инсталирање на канали Инсталирање антена/кабел > Пребарување на канали > Напредно преинсталирање

  1. Изберете Започни сега и притиснете OK.
  2. Изберете Напредно преинсталирање за да извршите целосно преинсталирање кое ќе ве води низ секој чекор.
  3. Изберете Почеток и притиснете OK.
  4. Изберете ја земјата каде што се наоѓате во моментот и притиснете OK.
  5. Изберете Антена (DVB-T) или Кабел (DVB-C) и изберете го елементот кој сакате да го преинсталирате.
  6. Изберете Дигитални и аналогни каналиСамо дигитални канали или Само аналогни канали.
  7. Изберете Поставки и притиснете OK.
  8. Притиснете  Ресетирај за да извршите ресетирање, или пак притиснете  Извршено кога ќе завршите со уредувањето на поставките.

Скенирање на фреквенција
Изберете го методот на пребарување на канали.

Чекор на големина за фреквенција
Телевизорот пребарува канали во чекори од по 8MHz.
Ако ова доведе да нема инсталирани канали или пак ако недостасуваат одредени канали, можете да пребарувате со помали чекори од по 1MHz. Ако користите чекори од по 1MHz, потребно е повеќе време за пребарување и инсталирање на канали.

Режим на фреквенција на мрежа
Ако имате намера да го користите брзиот метод Брзо во Скенирање на фреквенција за да пребарувате канали, изберете Автоматски. Телевизорот ќе користи 1 од однапред дефинираните фреквенции на мрежа (или HC - самонасочувачки канал) кои ги користат повеќето кабелски оператори во вашата земја.
Ако сте добиле специфична вредност на фреквенција на мрежа за пребарување на канали, изберете Рачно

Фреквенција на мрежа
Кога опцијата Режим на фреквенција на мрежа е поставена на Рачно, можете да ја внесете вредноста на фреквенцијата на мрежа која сте ја добиле од вашиот кабелски оператор. За да ја внесете вредноста, користете ги копчињата со бројки.

ID на мрежа
Внесете ID на мрежа испорачана од вашиот кабелски оператор. 

Режим на стапка на симболи
Ако вашиот кабелски оператор не ви дал специфична вредност на стапка на симболи за инсталирање на ТВ каналите, оставете го поставувањето Режим на стапка на симболи на Автоматски.
Ако сте добиле специфична вредност на стапка на симболи, изберете Рачно

Стапка на симболи
Кога опцијата Режим на стапка на симболи е поставена на Рачно, можете да ја внесете вредноста на стапката на симболи користејќи ги копчињата со бројки.

Бесплатни/кодирани
Ако имате претплата и CAM - Conditional Access Module (Модул за условен пристап) за ТВ услуги со плаќање, изберете Бесплатни + Кодирани. Ако не сте се претплатиле да плаќате ТВ канали или услуги, можете да изберете Само бесплатни канали.