За да гледате ТВ канали
- Притиснете . Телевизорот ќе се приклучи на последниот ТВ канал кој сте го гледале.
- Притиснете (Почеток) > ТВ > Канали и притиснете OK.
- Притиснете + or - за да менувате канали.
- Доколку го знаете бројот на каналот, впишете го бројот со копчињата со бројки. Притиснете OK откако ќе го внесете бројот за да го смените каналот.
- За да се префрлите назад на претходниот канал, притиснете BACK.
За да се префрлите на канал од листата на канали
- Додека гледате ТВ канал, притиснете LIST за да ја отворите листата на канали.
- Листата на канали може да содржи неколку страници со канали. За да ја погледнете следната или претходната страница, притиснете + или -.
- За да ги затворите листите на канали без да го менувате каналот, повторно притиснете на LIST.
Икони на каналите
Откако ќе се изврши автоматско ажурирање на каналите на листата, новопронајдените канали се означени со (ѕвезда).
Доколку заклучите одреден канал, тој ќе биде означен со (катанец).
Радио канали
Ако се достапни дигитални емитувања, за време на инсталацијата ќе се инсталираат дигитални радио станици. Менувајте радио канали исто како што менувате ТВ канали.
Овој телевизор може да го прима дигиталниот телевизиски стандард DVB. Телевизорот може да не функционира исправно со одредени оператори на дигитална телевизија и доколку нема целосна усогласеност со барањата на стандардот.