HDMI приклучокот нуди најдобар квалитет на слика и звук.

За најквалитетен можен пренос на сигналот, користете HDMI кабел со голема брзина не подолг од 5 m, а уредите кои поддржуваат HDR поврзувајте ги на приклучоците HDMI 2/HDMI 3.

 

Заштита од копирање

HDMI каблите поддржуваат HDCP (High-bandwidth Digital Content Protection). HDCP претставува сигнал за заштита од копирање кој го спречува копирањето на содржини од DVD диск или Blu-ray диск. Исто така е познат како DRM (Управување со дигитални права).