Овој телевизор е компатибилен со MHL™.

Доколку вашиот мобилен уред е исто така компатибилен со MHL, можете да го поврзете на телевизорот со помош на MHL кабел. Откако ќе го поврзете MHL кабелот, можете да ги проследувате содржините од мобилниот телефон на екранот на телевизорот. Истовремено се полни и батеријата на вашиот мобилен. MHL поврзувањето е идеално за гледање филмови и за играње игри од вашиот мобилен уред на телевизорот на подолг временски период.

Полнење

Откако ќе го поврзете MHL кабелот, вашиот уред ќе се полни сѐ додека е вклучен телевизорот (но не и додека е во режим на подготвеност).

MHL кабел

Потребен ви е пасивен MHL кабел (HDMI кон микро USB) за да го поврзете мобилниот уред на телевизорот. Можеби ќе ви биде потребен дополнителен адаптер за да се поврзете на вашиот мобилен уред. За да го поврзете MHL кабелот на телевизорот, искористете го приклучокот HDMI 3 MHL.

MHL, Mobile High-Definition Link и логото MHL се трговски марки или регистрирани трговски марки на MHL, LLC.