Можете да гледате фотографии или да репродуцирате музика и видео записи од мобилен уред на вашиот телевизор со Wi-Fi Miracast™. Мобилниот уред и телевизорот треба да се во рамките на истиот опсег, што обично значи дека треба да се во истата просторија.

Проверете дали вашиот мобилен уред е подготвен за Miracast.

Вашиот телевизор е уред со Wi-Fi CERTIFIED Miracast™. Со Miracast™, можете да го гледате и споделувате екранот на вашиот smartphone уред, таблет уред или компјутер на вашиот ТВ екран безжично. Можете да проследувате видео записи (аудио и видео), да споделувате фотографии или која било содржина која е на екранот на уредот. Нема потреба да го поврзувате уредот на вашата домашна мрежа. Телевизорот и уредот мора да се уреди со Wi-Fi CERTIFIED Miracast™ и да им е вклучен Miracast.

Miracast на овој телевизор е подложен на HDCP протокол и не може да прикажува врвна содржина со заштита од копирање испратена од уред. Максималната поддржана видео резолуција е 720p за 2,4GHz Wi-Fi или 1080p за 5GHz Wi-Fi.

За повеќе информации околу Wi-Fi CERTIFIED Miracast™, посетете ја страницата www.wi-fi.org

Wi-Fi®, логото на Wi-Fi CERTIFIED и логото Wi-Fi се регистрирани трговски марки на Wi-Fi Alliance. Wi-Fi CERTIFIED Miracast™Miracast™ се трговски марки на Wi-Fi Alliance.