Вaшиот телевизор е исто така подготвен за носач за прицврстување на ѕид кој ги исполнува VESA стандардите (се продава одделно).
Користете ги следните VESA кодови кога купувате прицврстувач за ѕид. . .

Подготовка

Прво отстранете ги четирите пластични капачиња од лежиштата со навој на задната страна на телевизорот.
Проверете дали металните завртки за монтирање на телевизорот на носач кој ги исполнува VESA стандардите достигнуваат длабочина од 10mm во лежиштата со навој на телевизорот.

Внимание

Монтирањето на телевизорот на ѕид бара посебни вештини и треба да се извршува само од страна на обучени лица. Монтирањето на телевизорот на ѕид треба да ги исполнува безбедносните стандарди според тежината на телевизорот. Прочитајте ги безбедносните мерки пред да го поставите телевизорот.
TP Vision Europe B.V. не сноси никаква одговорност за неправилно поставување на ѕид кое може да резултира со несреќен случај или повреда.