1 - 
За директно отворање на апликацијата Netflix. Со вклучен телевизор или од режим на подготвеност.

2 -  Јачина на звук
За прилагодување на нивото на јачина на звук.

3 - Копчиња со бројки
За директен избор на канал.

4 - SUBTITLE
За вклучување, исклучување или автоматско поставување на преводот.

5 -  Канал
За префрлување на следниот или претходниот канал во листата на канали. За отворање на следната или претходната страница во Текст/Телетекст. За активирање на следното или претходното поглавје на диск.

6 -  Исклучи звук
За исклучување или враќање на звукот.

7 - TEXT
За отворање или затворање на менито Текст/Телетекст.