Менување на батериите
Доколку телевизорот не реагира на притиснување на копче на далечинскиот управувач, можно е батериите да се празни.
За да ги замените батериите, отворете ја преградата за батерии од задната страна на далечинскиот управувач.
- Поместете го капакот од преградата за батерии во насоката која е покажана со стрелката.
- Заменете ги старите батерии со 2 батерии од типот AAA-R03-1,5V. Проверете дали краевите + и - на батериите се правилно поставени.

- Наместете го капакот од преградата за батерии и лизгајте го сѐ додека не кликне.
- Отстранете ги батериите ако не го користите далечинскиот управувач подолг временски период.
- Уредно фрлете ги старите батерии според упатствата за исфрлување од употреба.
Чистење
Вашиот далечински управувач е заштитен со слој отпорен на гребнатини.
За чистење на далечинскиот управувач, користете нежна влажна ткаенина. Немојте да користите супстанци како алкохол, хемикалии или средства за чистење на далечинскиот управувач.