(Почеток) > Поставки > Ажурирање на софтвер > Пребарување на ажурирања > USB
- Потребен ви е компјутер со брза интернет врска и USB мемориски уред за да го вчитате софтверот на телевизорот.
- Користете USB мемориски уред со најмалку 512MB слободен простор. Проверете дали му е исклучена заштитата за запишување.
- Започнете со ажурирањето на телевизорот
Изберете Ажурирање на софтвер > Пребарување на ажурирања > USB, а потоа притиснете OK.
- Идентификување на телевизорот
Вметнете го USB меморискиот уред во еден од USB приклучоците на телевизорот.
Изберете Почеток и притиснете OK. Ќе се појави идентификациска датотека на USB меморискиот уред.
- Преземање на ТВ софтверот
- Вметнете го USB меморискиот уред во вашиот компјутер.
- На USB меморискиот уред, пронајдете ја датотеката update.html и кликнете двапати на неа.
- Кликнете на Испрати ID.
- Ако е достапен нов софтвер, преземете ја .zip датотеката.
- По преземањето, отпакувајте ја датотеката и ископирајте ја датотеката autorun.upg на USB меморискиот уред.
- Не ја ставајте оваа датотека во папка.
- Ажурирање на ТВ софтверот
Повторно вметнете го USB меморискиот уред во телевизорот. Ажурирањето ќе започне автоматски.
Телевизорот ќе се исклучи во траење од 10 секунди и потоа повторно ќе се вклучи. Ве молиме почекајте.
Немојте да . . .
- го користите далечинскиот управувач
- го отстранувате USB меморискиот уред од телевизорот
- притиснете на двапати
- притиснете го копчето за вклучување на телевизорот
Телевизорот ќе се исклучи (во траење од 10 секунди), а потоа повторно ќе се вклучи. Ве молиме почекајте.
ТВ софтверот е ажуриран. Можете повторно да го користите телевизорот.
За да спречите ненамерно ажурирање на ТВ софтверот, избришете ја датотеката autorun.upg од USB меморискиот уред.