2018 © TP Vision Europe B.V. Сите права се задржани. 

Овој производ се нуди на пазарот од страна на TP Vision Europe B.V. или некоја од неговите филијали, во понатамошниот текст на овој документ како TP Vision, кој е производител на овој производ. TP Vision е издавач на гаранцијата за телевизорот со кој е испорачана оваа брошура. Philips и заштитеното лого на Philips се регистрирани трговски марки на Koninklijke Philips N.V.

Спецификациите подлежат на промени без претходна најава. Трговските марки се сопственост на Koninklijke Philips N.V или на нивните респективни сопственици. TP Vision го задржува правото за промена на производите во кое било време, без обврска за усогласување на претходните производи со тие промени.

Писмениот материјал испорачан со телевизорот и упатството зачувано во меморијата на телевизорот или преземено од веб-сајтот на Philips www.philips.com/TVsupport се сметаат како соодветни за предвидената употреба на системот.

Материјалот во ова упатство се смета соодветен за намената на системот. Ако производот, или неговите поединечни модули или процедури, се користат за цели различни од оние кои се наведени овде, мора да се добие потврда за нивната валидност и соодветност. TP Vision гарантира дека самиот материјал не прекршува ниеден патент во Соединетите Американски Држави. Не се искажува ниту пак имплицира никаква додатна гаранција. TP Vision не може да се смета за одговорен за какви било грешки во содржината на овој документ, ниту за какви било проблеми како резултат на содржината на овој документ. Грешките доставени до Philips ќе бидат адаптирани и објавени на веб-сајтот за поддршка на Philips колку што е можно побрзо.

Услови на гаранција - Опасност од повреда, оштетување на телевизорот или поништување на гаранцијата!
Немојте да се обидувате сами да го поправате телевизорот. Користете го телевизорот и дополнителната опрема исклучиво по упатствата на производителот. Знакот за внимание испечатен на задната страна на телевизорот укажува на ризик од електричен удар. Никогаш немојте да го отстранувате капакот на телевизорот. Секогаш контактирајте ја службата за грижа за корисници на Philips телевизори за услуги или поправки. Пронајдете го телефонскиот број во испечатената документација која е испорачана со телевизорот. Или пак, посетете го нашиот веб-сајт www.philips.com/TVsupport и доколку е потребно изберете ја вашата земја. Секоја операција која е строго забранета во ова упатство, или какви било прилагодувања и процедури при составувањето кои не се препорачани или одобрени во ова упатство ќе ја поништат гаранцијата.

Карактеристики на пиксели
Овој ТВ производ има висок број на пиксели во боја. Иако ефективните пиксели се 99,999% или повеќе, можно е постојано да се појавуваат црни точки или светли точки во боја (црвена, зелена или сина) на екранот. Ова е структурна карактеристика на екранот (во рамките на општите индустриски стандарди) и не е дефект.

TP Vision се придржува кон развивање, произведување и пласирање производи на пазарот кои не предизвикуваат никакви негативни здравствени ефекти. TP Vision потврдува дека доколку нивните производи се ракуваат правилно за предвидената употреба, тие се безбедни, според научните докази кои се достапни денес. TP Vision игра активна улога во развојот на безбедносните стандарди, што му овозможува да го предвиди понатамошниот развој на стандардизацијата за благовремена интеграција во производите.