- Немојте да го допирате, туркате, триете или удирате екранот со кој било предмет.
- Пред чистење, исклучете го телевизорот.
- Чистете го телевизорот и рамката со нежна влажна ткаенина и бришете нежно. Немојте да користите супстанци како алкохол, хемикалии или средства за чистење на телевизорот.
- За да избегнете деформирање и избледнување на бојата, избришете ги капките вода најбрзо што можете.
- Избегнувајте статични слики колку што е тоа можно. Статични слики се слики кои остануваат на екранот подолг временски период. Статичните слики вклучуваат менија на екранот, црни ленти, прикази со време, итн. Ако мора да користите статични слики, намалете го контрастот и осветленоста на екранот за да избегнете оштетување на екранот.