Следете ги овие мерки на претпазливост за да спречите превртување на телевизорот и предизвикување на повреда кај децата:
- Никогаш не го поставувајте телевизорот на површина покриена со ткаенина или друг материјал кој може да се повлече.
- Водете сметка да не виси ниеден дел од телевизорот преку работ од површината за монтирање.
- Никогаш не го поставувајте телевизорот на висок мебел, како библиотека, без да го прицврстите мебелот и телевизорот на ѕидот или на соодветна поддршка.
- Кажете им на децата за опасностите од качувањето по мебелот за да го дофатат телевизорот.
Ризик од голтање на батерии!
Далечинскиот управувач може да содржи батерии во вид на паричка кои малите деца можат лесно да ги голтнат. Секогаш чувајте ги овие батерии подалеку од дофатот на децата.