- Потребни се двајца за да кренат и да носат телевизор кој тежи повеќе од 25 kg или 55 lbs.
- Ако го монтирате телевизорот на држач, користете го само испорачаниот држач. Цврсто поставете го држачот на телевизорот.
Поставете го телевизорот на рамна, изедначена површина која може да ја издржи комбинираната тежина на телевизорот и држачот.
- Кога е монтиран на ѕид, проверете дали држачот за на ѕид може безбедно да ја поднесе тежината на ТВ уредот. TP Vision не сноси никаква одговорност за неправилно поставување на ѕид кое може да резултира со несреќен случај, повреда или оштетување.
- Одредени делови од овој производ можно се изработени од стакло. Внимателно ракувајте за да избегнете повреда или оштетување.
Ризик од оштетување на телевизорот!
Пред да го поврзете телевизорот во штекерот, проверете дали напонот одговара на вредноста испечатена на задната страна на телевизорот. Никогаш не го поврзувајте телевизорот во штекерот ако напонот е различен.