HDMI
- Обрнете внимание дека поддршката за HDCP (High-bandwidth Digital Content Protection) може да го продолжи времето кое му е потребно на телевизорот за да прикаже содржини од HDMI уред.
- Ако телевизорот не го препознае HDMI уредот и не се прикаже слика, префрлете го изворот од еден уред на друг и потоа повторно назад.
- Ако повремено има прекини во звукот, проверете дали излезни поставки од HDMI уредот се точни.
HDMI EasyLink не функционира
- Проверете дали вашите HDMI уреди се компатибилни со HDMI-CEC. EasyLink функциите функционираат само со уреди кои се компатибилни со HDMI-CEC.
Не се прикажува икона за јачина на звук
- Кога се поврзува HDMI-CEC аудио уред и го користите далечинскиот управувач од телевизорот за да го прилагодите нивото на јачината на звукот од уредот, оваа појава е нормална.