Нема слика / изобличена слика

Има звук, но нема слика

Слаб прием

Доколку сликата на телевизорот е изобличена или варира во квалитет, можно е влезниот сигнал да е слаб. Слабиот дигитален сигнал се гледа како слика која што се испрекинува во квадратчиња и повремено се замрзнува. Лошиот дигитален сигнал ќе го снема многу порано отколку лошиот аналоген сигнал.

Слаба слика од уред

Поставките за слика се менуваат по некое време

Проверете дали функцијата Локација е поставена на Дом. Во овој режим можете да менувате и зачувувате поставки.
 (Почеток) > Поставки > Сите поставки > Општи поставки > Локација

Се појавува банер

Доколку на екранот повремено се појавува промотивен банер или пак опцијата Стил на слика автоматски се враќа на Живописно при стартувањето, телевизорот се наоѓа во локација на Продавница. Поставете го телевизорот на локацијата Дом за да го користите во домашни услови.
 (Почеток) > Поставки > Сите поставки > Општи поставки > Локација

Сликата не го исполнува екранот / Погрешна или нестабилна големина на сликата / Позицијата на сликата е неправилна

Сликата од компјутерот не е стабилна

Проверете дали вашиот PC ја користи поддржаната резолуција и стапка на обновување.