Не се пронајдени дигитални канали за време на инсталацијата
- Проверете дали телевизорот е поврзан со антена или пак користи сигнал од операторот. Проверете ги кабелските приклучоци.
- Проверете дали во земјата каде што го инсталирате телевизорот се достапни дигитални канали.
- Проверете дали сте го избрале точниот DVB (Digital Video Broadcast - Емитување на дигитално видео) систем. Изберете DVB-T (копнено) кога користите антена или обична антена, изберете DVB-C (кабелски) доколку користите ТВ кабелска услуга со CAM модул.
- Повторете ја инсталацијата и проверете дали сте ја избрале точната земја и систем.
Не се пронајдени аналогни канали за време на инсталацијата
- Проверете дали телевизорот е поврзан со антена. Проверете ги кабелските приклучоци.
- Проверете дали сте го избрале точниот DVB (Digital Video Broadcast - Емитување на дигитално видео) систем. Изберете DVB-T (копнено) кога користите антена или обична антена.
- Повторете ја инсталацијата и изберете Дигитални и аналогни канали за време на инсталацијата.
Некои канали се исчезнати, или пак не може да се пронајдат сите или некои од претходно инсталираните канали
- Проверете дали сте ја избрале точната Листа на канали или Листа на омилени која обично ја гледате.
- Некои канали може да бидат преместени или пак да бидат избришани од страна на станицата за емитување. Во листата со нормални канали, обидете се да го побарате каналот којшто недостасува. Доколку каналот сѐ уште е достапен, можете да го вратите на листата на омилени.
- Каналот може да се избрише од листата на канали при Автоматско ажурирање на каналите. Овие автоматски ажурирања се вршат преку ноќ доколку телевизорот се наоѓа во режим на подготвеност.
Каналите кои повеќе не постојат се бришат и се додаваат нови канали на листата на канали. Во ретки прилики, каналот може да биде избришан затоа што телевизорот не можел да го пронајде кога вршел проверка за неговото присуство. Можно е и каналот да не емитувал ништо преку ноќ.
За да го избегнете бришењето на каналите при автоматското ажурирање на каналите затоа што телевизорот не можел да ги пронајде, иако овие канали се сѐ уште присутни, можете да ја исклучите опцијата Автоматско ажурирање на каналите.
(Почеток) > Поставки > Сите поставки > Канали > Инсталирање антена/кабел > Автоматско ажурирање на каналите
DVB-T2 HEVC канал
- Погледнете ги техничките спецификации за да проверите дали вашиот телевизор поддржува DVB-T2 HEVC во вашата земја и преинсталирајте го DVB-T каналот.