Телевизорот не се вклучува

Крцкање при вклучување и исклучување

Кога го вклучувате или го ставате телевизорот во режим на подготвеност, се слуша крцкање од шасијата на телевизорот. Крцкањето е поради вообичаеното ширење и собирање на телевизорот при ладење и загревање. Ова не влијае на перформансите.

Телевизорот се враќа во режим на подготвеност откако ќе се прикаже почетниот екран на Philips

Кога телевизорот е во режим на подготвеност, се прикажува почетниот екран на Philips, а потоа телевизорот се враќа во режим на подготвеност. Ова е нормална појава. Кога телевизорот е исклучен и повторно вклучен во струја, почетниот екран се прикажува на наредното вклучување. За да го вклучите телевизорот од режим на подготвеност, притиснете  (Режим на подготвеност / Вклучено) на далечинскиот управувач или на телевизорот.

Светлото за режим на подготвеност продолжува да трепка

Откачете го кабелот за напојување од штекерот. Почекајте 5 минути пред повторно да го вклучите кабелот за напојување. Ако повторно се појави трепкањето, обратете се на Корисничката поддршка на Philips TV.
Во Помош > Упатство за користење, притиснете го копчето во боја  Клучни зборови и побарајте Информации за контакт.

Телевизорот самостојно се исклучува

Доколку телевизорот наеднаш се исклучи, поставувањето Исклучување на тајмер може да се вклучи. Со Исклучување на тајмер телевизорот се исклучува по 4 часа доколку не се добиени никакви сигнали од далечинскиот управувач. За да го избегнете ова автоматско исклучување, можете да го деактивирате ова исклучување. Во Помош > Упатство за користење, притиснете го копчето во боја  Клучни зборови и побарајте Исклучување на тајмер
Исто така, ако телевизорот не прима ТВ сигнал ниту наредба од далечинскиот управувач во период од 10 минути, телевизорот автоматски се исклучува.