Доколку не можете да пронајдете решение за вашиот проблем со телевизорот во Отстранување на проблеми, можете да одите во  Клучни зборови во Помош > Упатство за користење за да ги пронајдете информациите кои ги барате. Изберете клучен збор за да одите до најрелевантната страница во упатството за користење. 

Доколку во упатството за користење нема одговор за вашето прашање, можете да одите до веб-страницата за поддршка на Philips.

За да решите каков било проблем поврзан со Philips TV, можете да ја консултирате нашата онлајн поддршка. Можете да го изберете вашиот јазик и да го внесете бројот на моделот на вашиот производ.

Одете на www.philips.com/TVsupport.

На веб-сајтот за поддршка можете да го пронајдете телефонскиот број за вашата земја за да нѐ контактирате, како и често поставуваните прашања (ЧПП). Во некои земји, можете да разговарате со еден од нашите соработници и директно да му поставувате прашања или да му испратите прашање преку e-mail порака.
Можете да го преземете новиот ТВ софтвер или упатството за да го читате на вашиот компјутер.

За повеќе информации за отстранувањето на проблемите кај телевизорот и за често поставуваните прашања (ЧПП)...

Одете на http://philips-tvconsumercare.kxondemand.com/portal/en/ModelSelect

 

ТВ помош на вашиот таблет уред, smartphone уред или компјутер

За да извршувате подолги процедури со инструкции полесно, можете да ја преземете ТВ помошта во PDF формат за да ја читате на вашиот smartphone уред, таблет уред или компјутер. Алтернативно, можете да ја испечатите соодветната страница од Помош од вашиот компјутер.
За да го преземете делот Помош (упатство за користење) одете на www.philips.com/TVsupport