Не се прикажуваат фотографии, видео записи и музика од USB уред
- Проверете дали USB меморискиот уред е поставен да ја поддржува класата за масовно складирање, како што е опишано во документацијата на меморискиот уред.
- Проверете дали USB меморискиот уред е компатибилен со телевизорот.
- Проверете дали форматите на аудио датотеките и датотеките со слики се поддржани од телевизорот. За повеќе информации, во Помош, притиснете го копчето во боја Клучни зборови и побарајте Мултимедиумски содржини.
Испрекината репродукција на USB датотеки
- Перформансите за пренос на USB меморискиот уред може да ја ограничат стапката на пренос на податоци до телевизорот што предизвикува слаба репродукција.