За поддршка и поправка, јавете се на линијата за корисничка поддршка во вашата земја. Нашите инженери од сервисот ќе се погрижат за поправките, доколку се потребни.

Пронајдете го телефонскиот број во испечатената документација која е испорачана со телевизорот.
Или пак, посетете го нашиот веб-сајт www.philips.com/TVsupport и доколку е потребно изберете ја вашата земја.

Број на ТВ модел и сериски број

Можеби од вас ќе биде побарано да го доставите бројот на моделот на ТВ производот и серискиот број. Пронајдете ги овие броеви на ознаката на пакувањето или на ознаката за типот на задната или на долната страна од телевизорот.

 Предупредување

Не обидувајте се сами да го поправате телевизорот. Ова може да доведе до сериозна повреда, ненадоместливо оштетување на вашиот телевизор или поништување на вашата гаранција.