Поставки > Помош
Можете да ја искористите функцијата за помош за да извршите дијагноза за проблемот и за да добиете повеќе информации за вашиот телевизор.
- Како да... - Можете да погледнете упатства за како да инсталирате и да подредувате канали, да го ажурирате ТВ софтверот, да поврзувате надворешни уреди и да ги користите Smart функциите на вашиот телевизор.
- Проверете го телевизорот - Можете да проверите дали сликата, звукот и Ambilight* исправно функционираат при репродукција на краток видео клип.
- Проверете ја мрежата - Проверете го мрежното поврзување.
- Ажурирање на софтвер - Проверете ги достапните ажурирања за софтверот.
- Упатство за користење - Прочитајте го упатството за користење за повеќе информации околу телевизорот.
- Отстранување на проблеми - Пронајдете решение за често поставуваните прашања.
- Фабрички поставки - Ресетирајте ги сите поставки на фабричките поставки.
- Преинсталирање на ТВ - Преинсталирајте и одново извршете го инсталирањето на телевизорот целосно.
- Информации за контакт - Го покажува телефонскиот број или веб-адресата за вашата земја или регион.
* Поставувањето Ambilight е наменето само за моделите кои ја поддржуваат функцијата Ambilight.