На следниот чекор, ќе ја конфигурирате секоја Philips hue светилка.
За да ја конфигурирате секоја hue светилка…
- Изберете светилка за конфигурирање и притиснете OK. Светилката која сте ја избрале ќе затрепка.
- Изберете Почеток и притиснете OK.
- Првин назначете каде сте ја поставиле светилката во однос на телевизорот. Точното поставување на Аголот ќе ја испрати точната Ambilight боја на светилката. Изберете ја лентата со лизгач за да ја прилагодите положбата.
- Потоа, назначете ја Оддалеченоста помеѓу светилката и телевизорот. Колку подалеку од телевизорот, толку е послаба Ambilight бојата. Изберете ја лентата со лизгач за да ја прилагодите оддалеченоста.
- На крајот, поставете ја Осветленоста на светилката. Изберете ја лентата со лизгач за да ја прилагодите осветленоста.
- За да запрете со конфигурирањето на оваа светилка, изберете OK и притиснете OK.
- На менито Конфигурирај Ambilight+hue, можете да го сторите истото за секоја светилка.
- Кога сите Ambilight+hue светилки ќе бидат конфигурирани, изберете Крај и притиснете OK.
Ambilight+hue е подготвен за употреба.