Отворете ја Галеријата на апликации на Smart телевизорот за ги пребарувате апликациите кои претставуваат прилагодени веб-сајтови за телевизорот.

Пронајдете ги апликациите за видео записи од YouTube, национален весник, онлајн фото-албум итн. Има апликации преку кои можете да изнајмите видео од онлајн видео продавницата и апликации преку кои можете да ги гледате програмите кои сте ги пропуштиле. Доколку во Галеријата на апликации ја нема содржината која ја барате, обидете се со сурфање на интернет на телевизорот.

Пребарување

Со пребарувањето можете да ја пребарувате галеријата на апликации и да ги пронајдете саканите апликации.
Внесете клучен збор во полето за текст, изберете  и притиснете OK за да започнете со пребарување. Можете да внесувате имиња, наслови, жанрови и описни клучни зборови за да извршите пребарување.
Или пак, можете да го оставите полето за текст празно и да ги пребарувате најпопуларните пребарувања/клучни зборови за повеќе категории. Од листата на пронајдени зборови, изберете клучен збор и притиснете OK за да пребарувате елементи со таа тастатура.