При првото отворање на Smart телевизорот, потребно е да ја конфигурирате вашата врска. Прочитајте ги и согласете се со одредбите и условите за да продолжите.

Почетната страница на Smart телевизорот е вашата врска со интернет. Можете да изнајмувате филмови онлајн, да читате весници, да гледате видео записи, да слушате музика, да купувате онлајн или да гледате ТВ програми кога вам ви одговара благодарение на Online TV.

Отворање на Smart телевизорот

За да ја отворите почетната страница на Smart TV, притиснете  Smart TV.
Или пак, можете да притиснете на  (Почеток) > Апликации, изберете  Smart TV и притиснете OK.

Телевизорот се поврзува на интернет и ја отвора почетната страница на Smart TV. Ова може да потрае неколку секунди.

Затворање на Smart телевизорот

За да ја затворите почетната страница на Smart TV, притиснете EXIT.

TP Vision Europe B.V. не сноси никаква одговорност во однос на содржината и на квалитетот на содржината која е понудена од страна на обезбедувачите на таквите содржини.