(Почеток) > Поставки > Сите поставки > Мрежа > Преглед на мрежни поставки
Овде можете да ги погледнете сите тековни мрежни поставки. IP и MAC адресите, јачината на сигналот, брзината, методот на шифрирање, итн.
(Почеток) > Поставки > Сите поставки > Мрежа > Конфигурација на мрежа > Статичка IP адреса
Ако сте напреден корисник и сакате да ја инсталирате вашата мрежа со статичко IP адресирање, поставете го телевизорот на Статичка IP адреса.
(Почеток) > Поставки > Сите поставки > Мрежа > Конфигурирање на статичка IP адреса
(Почеток) > Поставки > Сите поставки > Мрежа > Вклучување со Wi-Fi (WoWLAN)
Можете да го вклучите овој телевизор од вашиот smartphone уред или таблет уред ако телевизорот е во режим на подготвеност. Поставувањето Вклучување со Wi-Fi (WoWLAN) мора да биде вклучено.
(Почеток) > Поставки > Сите поставки > Мрежа > Рендерирање на дигитални медиумски содржини - DMR
Ако вашите медиумски датотеки не се репродуцираат на вашиот телевизор, проверете дали Рендерирањето на дигитални медиумски содржини е вклучено. DMR е вклучено како фабричко поставување.
(Почеток) > Поставки > Сите поставки > Мрежа > Wi-Fi вклучено/исклучено
Можете да го вклучите или исклучите Wi-Fi поврзувањето на вашиот телевизор.
(Почеток) > Поставки > Сите поставки > Мрежа > Ресетирање на Wi-Fi Miracast поврзувања
Избришете ја листата на поврзаните и блокираните уреди кои се користат со Miracast.
(Почеток) > Поставки > Сите поставки > Мрежа > Име на ТВ на мрежа
Ако имате повеќе од еден телевизор во вашата домашна мрежа, можете да му дадете посебно име на телевизорот.
(Почеток) > Поставки > Сите поставки > Мрежа > Испразни интернет меморија
Со опцијата Испразни интернет меморија можете да ја избришете вашата регистрација на серверот на Philips и поставките за родителска категоризација, вашите најавувања на апликациите од видео продавницата, омилените содржини од Галеријата на апликации на Philips, интернет обележувачите и историјата. Интерактивните MHEG апликации исто така можат за зачувуваат тн. 'колачиња' на вашиот телевизор. Овие датотеки исто така ќе бидат избришани.