Преглед на мрежни поставки

 (Почеток) > Поставки > Сите поставки > Мрежа > Преглед на мрежни поставки

Овде можете да ги погледнете сите тековни мрежни поставки. IP и MAC адресите, јачината на сигналот, брзината, методот на шифрирање, итн.

 

Конфигурација на мрежа - статичка IP адреса

 (Почеток) > Поставки > Сите поставки > Мрежа > Конфигурација на мрежа > Статичка IP адреса

Ако сте напреден корисник и сакате да ја инсталирате вашата мрежа со статичко IP адресирање, поставете го телевизорот на Статичка IP адреса.

 

Конфигурација на мрежа - Конфигурација на статичка IP адреса

 (Почеток) > Поставки > Сите поставки > Мрежа > Конфигурирање на статичка IP адреса

  1. Изберете Конфигурирање на статичка IP адреса и конфигурирајте ја врската.
  2. Можете да поставите број за IP адресаМаска на мрежаGatewayDNS 1, или DNS 2.

 

Вклучување со Wi-Fi (WoWLAN)

 (Почеток) > Поставки > Сите поставки > Мрежа > Вклучување со Wi-Fi (WoWLAN)

Можете да го вклучите овој телевизор од вашиот smartphone уред или таблет уред ако телевизорот е во режим на подготвеност. Поставувањето Вклучување со Wi-Fi (WoWLAN) мора да биде вклучено.

 

Рендерирање на дигитални медиумски содржини - DMR

 (Почеток) > Поставки > Сите поставки > Мрежа > Рендерирање на дигитални медиумски содржини - DMR

Ако вашите медиумски датотеки не се репродуцираат на вашиот телевизор, проверете дали Рендерирањето на дигитални медиумски содржини е вклучено. DMR е вклучено како фабричко поставување.

 

Вклучување на Wi-Fi поврзување

 (Почеток) > Поставки > Сите поставки > Мрежа > Wi-Fi вклучено/исклучено

Можете да го вклучите или исклучите Wi-Fi поврзувањето на вашиот телевизор.

 

Ресетирање на Wi-Fi Miracast поврзувања

 (Почеток) > Поставки > Сите поставки > Мрежа > Ресетирање на Wi-Fi Miracast поврзувања

Избришете ја листата на поврзаните и блокираните уреди кои се користат со Miracast.

 

Име на ТВ на мрежа

 (Почеток) > Поставки > Сите поставки > Мрежа > Име на ТВ на мрежа

Ако имате повеќе од еден телевизор во вашата домашна мрежа, можете да му дадете посебно име на телевизорот.

 

Поставки за Netflix

 (Почеток) > Поставки > Сите поставки > Мрежа > Поставки за Netflix

Со функцијата Поставки за Netflix, можете да го погледнете ESN бројот или да го деактивирате Netflix на уредот.

 

Празнење на интернет меморијата

 (Почеток) > Поставки > Сите поставки > Мрежа > Испразни интернет меморија

Со опцијата Испразни интернет меморија можете да ја избришете вашата регистрација на серверот на Philips и поставките за родителска категоризација, вашите најавувања на апликациите од видео продавницата, омилените содржини од Галеријата на апликации на Philips, интернет обележувачите и историјата. Интерактивните MHEG апликации исто така можат за зачувуваат тн. 'колачиња' на вашиот телевизор. Овие датотеки исто така ќе бидат избришани.