Остварете поврзување - безжично
(Почеток) > Поставки > Сите поставки > Мрежа > Поврзување на мрежа > Безжично
- Во листата на пронајдени мрежи, изберете ја вашата безжична мрежа. Ако вашата мрежа ја нема на листата затоа што името на мрежата е скриено (сте го исклучиле SSID емитувањето на рутерот), изберете Додај нова мрежа за да го внесете името на мрежата.
- Во зависност од типот на рутерот, внесете го вашиот код за шифрирање - WEP, WPA или WPA2. Ако го имате внесено кодот за шифрирање за оваа мрежа претходно, можете да изберете OK за да воспоставите поврзување веднаш.
- Кога поврзувањето ќе биде успешно, ќе биде прикажана порака.
Остварете поврзување - WPS
(Почеток) > Поставки > Сите поставки > Мрежа > Поврзување на мрежа > WPS
Ако вашиот рутер има WPS, можете директно да се поврзете на рутерот без скенирање на мрежи. Ако на вашата безжична мрежа имате уреди кои користат безбедносен систем за шифрирање WEP, не можете да користите WPS.
- Одете до рутерот, притиснете го копчето WPS и вратете се до телевизорот во рок од 2 минути.
- Кликнете Поврзување за да воспоставите врска.
- Кога поврзувањето ќе биде успешно, ќе биде прикажана порака.
Остварете поврзување - WPS со PIN код
(Почеток) > Поставки > Сите поставки > Мрежа > Поврзување на мрежа > WPS со PIN код
Ако вашиот рутер има WPS со PIN код, можете директно да се поврзете на рутерот без скенирање на мрежи. Ако на вашата безжична мрежа имате уреди кои користат безбедносен систем за шифрирање WEP, не можете да користите WPS.
- Запишете го PIN кодот со 8 цифри прикажан на екранот и внесете го во софтверот за рутерот на вашиот компјутер. Разгледајте во упатството за рутерот каде треба да го внесете PIN кодот во софтверот за рутерот.
- Кликнете Поврзување за да воспоставите врска.
- Кога поврзувањето ќе биде успешно, ќе биде прикажана порака.