(Почеток) > Поставки > Сите поставки > Универзален пристап
Откако ќе ја активирате функцијата Универзален пристап, телевизорот е подготвен за употреба од страна на глувите лица, лицата со оштетен слух, слепите лица и лицата со оштетен вид.
Вклучување на поставките за универзален пристап
(Почеток) > Поставки > Сите поставки > Универзален пристап > Универзален пристап > Вклучено.
Универзален пристап за лицата оштетен слух
(Почеток) > Поставки > Сите поставки > Универзален пристап > Лица со оштетен слух > Вклучено
- Одредени дигитални ТВ канали емитуваат посебен звук и превод приспособени за лицата со оштетен слух и глувите лица.
- Кога е вклучена оваа функција, телевизорот автоматски се префрлува на приспособениот звук и превод, доколку се достапни.
Универзален пристап за слепите лица или за лицата со оштетен вид
(Почеток) > Поставки > Сите поставки > Универзален пристап > Аудио опис > Аудио опис > Вклучено
Дигиталните ТВ канали може да емитуваат посебен аудио коментар со кој се опишува што се случува на екранот.
(Почеток) > Поставки > Сите поставки > Универзален пристап > Аудио опис > Аудио опис > Комбинирана јачина на звук, Звучни ефекти, Говор
- Со избирање на опцијата Комбинирана јачина на звук, можете да ја комбинирате јачината на обичниот звук со аудио коментарот. Притиснете ги стрелките (нагоре) или (надолу) за да ја прилагодите вредноста.
- Поставете ја опцијата Звучни ефекти на Вклучено за дополнителни звучни ефекти во коментарите, како стерео или звук што исчезнува.
- Изберете ја опцијата Говор за да ги поставите претпочитаните поставки за говорот, Описно или Превод.