Поставките за дигитален излез се достапни за SPDIF (оптичките) и за HDMI ARC звучните сигнали.

Формат на дигитален излез

 (Почеток) > Поставки > Сите поставки > Звук > Напредно > Формат на дигитален излез

Поставете го излезниот аудио сигнал на телевизорот да одговара на звучните можности на поврзаниот систем за домашно кино.

- Проверете дали уредите за аудио репродукција ја поддржуваат функцијата Dolby Atmos.

- SPDIF излезот (DIGITAL AUDIO OUT) ќе биде оневозможен при проследување на Dolby Digital Plus содржините.

 

Изедначување на дигитален излез

 (Почеток) > Поставки > Сите поставки > Звук > Напредно > Изедначување на дигитален излез

Прилагодете го нивото на засилување на звукот од уред кој е поврзан на дигитален аудио излез (SPDIF) или HDMI.

 

Доцнење на дигитален излез

 (Почеток) > Поставки > Сите поставки > Звук > Напредно > Доцнење на дигитален излез

Кај одредени системи за домашно кино можеби ќе треба да го прилагодите доцнењето на синхронизацијата на звукот за да го синхронизирате звукот со видеото. Изберете Исклучено ако на вашиот систем за домашно кино е поставено доцнење на звукот.

 

Компензирање на дигитален излез (Достапно само кога доцнењето на дигиталниот излез е поставено на Вклучено)

 (Почеток) > Поставки > Сите поставки > Звук > Напредно > Компензирање на дигитален излез