(Почеток) > Поставки > Сите поставки > Слика > Формат на слика
Ако сликата не го исполнува целиот екран, ако се појавуваат црни ленти во горниот и долниот дел или од двете страни, можете да ја прилагодите сликата да го исполнува целосно екранот.
За да изберете едно од основните поставувања за исполнување на екранот…
- Широк екран – автоматско зумирање на сликата во широк екран.
- Исполни екран – автоматско зголемување на сликата за да го исполни екранот. Изобличувањето на сликата е минимално, а преводот останува да се гледа. Не одговара на PC влез. На некои екстремни формати на слика сѐ уште може да се јават црни ленти.
- Прилагоди на екран – автоматско зумирање на сликата за да го исполни екранот без изобличување. Можно е да се видливи црни ленти. Нема поддршка за PC влез.
- Оригинално – го покажува оригиналниот формат на влезната слика.
(Почеток) > Поставки > Сите поставки > Слика > Формат на слика > Напредно
За да ја форматирате сликата рачно…
- Поместување – изберете ги стрелките за да ја поместите сликата. Можете да ја поместите сликата само кога е зумирана.
- Зумирање – изберете ги стрелките за да зумирате.
- Рашири – изберете ги стрелките за да ја раширите сликата вертикално или хоризонтално.
- Поништи – изберете за да се вратите на форматот на сликата со кој започнавте.