Прикажувањето на статична слика подолг временски период може да предизвика врежување на сликата. Оваа појава е вообичаена за OLED панелите. 
Избегнувајте прикажување на статична слика на ТВ екранот подолг временски период. 
Или пак, таквото задржување на сликата на екранот можете да го избришете со активирање на оваа функција.

 (Почеток) Поставки > Сите поставки > Слика > Поставки за експертски режим > Чистење на остатоците од сликата

Телевизорот ќе биде исклучен сѐ додека процесот не заврши. 
Доколку снимате нешто, процесот ќе се паузира и ќе се рестартира откако ќе заврши снимањето. Процесот може да потрае повеќе од 1 час. 
Ако го вклучите телевизорот за време на процесот, процесот ќе запре и ќе се рестартира автоматски кога телевизорот подоцна ќе се префрли во режим на подготвеност. 
При обработката, на екранот можно е да се појави бела линија. Ова е нормално кога се чисти задржаната слика на екранот.