Слика

Пред да побарате сервис или помош, следете ги овие едноставни упатства за да го решите проблемот. Прави и дијагноза на проблемот со сликата во Самотестирање на ТВ-уредот.

Поддршка > Мени Помош > Користење на менито Помош

Ако проблемот не се отстрани, побарајте помош од локалниот продавач на Panasonic.

 

Автоматски сооднос

 

Автоматскиот сооднос е направен за да ви го обезбеди најдобриот сооднос на исполнување на екранот.

Гледање > За најдобра слика > Сигнал за контрола на соодносот

Притиснете ASPECT ако сакате да го смените соодносот рачно.

Гледање > За најдобра слика > Сооднос

 

Црно-бела слика

 

all ^ scart

Проверете дали излезот на надворешната опрема е во согласност со влезот на телевизорот.

 

Хаотична слика со шум

 

ld6 | mt5810 | pro5

Поставете Намалување шум и Подобрување на MPEG во менито за слика за да го отстраните шумот.

Гледање > За најдобра слика > Поставувања за намалување шум

Проверете ја околната електрична опрема (автомобил, мотоцикл, флуоресцентна ламба).

 

Не се прикажува слика

 

Проверете дали е избран правилниот влезен режим.

all ^ scart

Проверете ја поставката на AV (COMPONENT / VIDEO) во Избор на влез за да биде соодветно на излезот од надворешната опрема.

Гледање > Надворешна опрема

Дали Заднинско светло, Контраст, Осветленост или Боја во менито за слика се поставени на минимум?

Гледање > За најдобра слика > Основни поставки

Проверете дали сите потребни кабли и приклучоци се поставени правилно.

 

Матна или искривена слика (нема звук или ниска јачина на звукот)

 

Повторно поставете ги каналите.

Гледање > Барање и уредување на канали > Автоматски поставки

 

На екранот може да има црвени, зелени и црни точки

 

Тоа е особина на панелите со течен кристал и не е проблем. Панелот со течен кристал е направен со технологија со многу голема прецизност за да добиете прецизни детали на сликата. Повремено, на екранот може да се појават неколку неактивни пиксели како фиксни црвени, зелени, сини или црни точки. Ова не влијае врз работата на панелот.