Контролорот со подлога на допир е наменет за за погодно и интуитивно работење, особено со Почетен екран или содржината од интернет.
Контролорот со подлога на допир може да се користи само за контролирање на овој телевизор.
Регистрирајте го контролорот со подлога на допир на овој телевизор со безжичната технологија Bluetooth пред да го користите. Регистрацијата започнува автоматски кога ќе притиснете некое копче (освен Вклучи / Исклучи прекинувач за мирување) по ставањето на батериите. За да го регистрирате повторно, поставете VIERA контр. на подл. за допир во менито за поставување.
Функции > Контролор со подлога на допир > Спарување
По регистрирањето, може да управувате со телевизорот без да го насочувате контролорот кон телевизорот (освен Вклучи / Исклучи прекинувач за мирување).
Се препорачува да зборувате на околу 15 см оддалеченост од микрофонот на контролорот со подлога на допир кога ја користите функцијата за управување со глас.