Поставки за јачина на звукот

1.Прикажете го менито со MENU.

2.Изберете Звук и притиснете OK за да пристапите.

3.Изберете некоја од следниве ставки и притиснете OK за да пристапите.

fxos

Избор на звучници / Параметар за ТВ звучник / Јачина на слушалки / Авт. контрола на зголем. / Корек. на јачина / Оддалеч. на звуч. од ѕид

4.Поставете ја ставката и притиснете OK за да зачувате.

fxos

 

Избор на звучници

(ТВ / Домашно кино)

Овозможува контрола на кинозвучникот преку далечинскиот управувач на телевизорот насочен кон приемникот за сигналите на телевизорот.

ТВ:

Звучниците од телевизорот се активни.

Домашно кино:

Звукот излегува од звучниците на системот за домашно кино. Кинорепродуктор, кино Blu-ray диск или засилувач ќе се вклучат автоматски ако се во режим на подготвеност.

Звукот на звучниците од телевизорот е исклучен. Кога опремата ќе се исклучи, звучниците од телевизорот се вклучуваат.

Може да користите Јачина на звук Зголеми / Намали и MUTE.

Оваа функција е достапна кога кинозвучниците што ја поддржуваат функцијата VIERA Link се поврзани со овој телевизор.

 

Параметар за ТВ звучник

(ТВ звучник / Слушалка / Исклучено)

Го избира звучниот излез за приспособување на јачината на звукот.

Звукот од звучникот на телевизорот се исклучува кога е избрано Слушалка или Исклучено.

 

Јачина на слушалки

Ја приспособува јачината на звукот на слушалките.

 

Авт. контрола на зголем.

(Вклучено / Исклучено)

Автоматски ги регулира големите разлики во нивото на звук помеѓу каналите и влезовите.

 

Корек. на јачина

Ја приспособува јачината на звукот за секој посебен канал или режим на влез.

 

Оддалеч. на звуч. од ѕид

(До 30 см / Повеќе од 30 см)

Надоместува за звукот на ниската фреквенција заради оддалеченоста помеѓу звучниците и ѕидот.

Ако оддалеченоста помеѓу телевизорот и ѕидот е помала од 30 см, препорачано е До 30 см.

Ако оддалеченоста помеѓу телевизорот и ѕидот е над 30 см, препорачано е Повеќе од 30 см.

Оваа функција важи само за звукот од звучниците на телевизорот.